Норвешка соопшти дека ќе забрани сите бродови за крстосување кои превезуваат повеќе од 100 лица да застануваат на норвешките пристаништа по случајот во кој на брод со коронавирус беа заразени 41 лице.
Министерот за здравство Бент Хои ја објави забраната во понеделник, велејќи дека новите правила ќе се применуваат во наредните 14 дена. Тој рече дека бродовите кои веќе заминале ќе можат да ги претоваруваат патниците и екипажот во норвешките пристаништа, но дека не можат да се организираат нови патувања.
„Пандемијата не е завршена“, рече Хои на прес-конференција.
Норвешката компанија за крстарења „Хутигрутен“ се извини во понеделникот по заразата која се прошири на еден од нејзините бродови. Од таму рекоа дека компанијата ќе ги прекине своите крстарења до понатамошно известување и дека „сега се во процес на целосен преглед на сите процедури“.
Се работи за една од првите компании што продолжија со пловење за време на пандемијата.
Четворица членови на екипажот биле хоспитализирани во петокот кога бродот пристигнал во Тромсо. Подоцна им била дијагностицирана инфекција заедно со уште 31 член на екипажот. На патниците на бродот им било дозволено да заминат пред некој да биде дијагностициран, по што локалните власти биле испратени да ги лоцираат.
Најмалку пет патници до сега се тестирале позитивно, а на стотици други им било кажано да се изолираат 10 дена.
Facebook Forum