Во Северна Македонија има 24 новозаразени од коронавирсуот, со што вкупната бројка на инфицирани се искачи на 201. Најмногу се детектирани во Скопје 123, по што следат Дебар, Куманово, Штип, Велес...
Вчеравечер, 66-мина не го почитувале полицискиот час, 37-мина се приведени. Полицијата информира и дека проверила 222 угостителски објекти – 3 не ги почитувале задолжителните мерки.
Владата, покрај заострувањето на полицискиот час кој викендов ќе важи од 16 до 5 часот, ги повика граѓаните да пријавуваат случаи на непочитување на препораките – отворени се бесплатни телефонски линии за сите надлежни инспекторати.
Министерот за здравство апелираше граѓаните примарно телефонски да контактираат со амбулантите, освен при влошена состојба.
„Не купувајте лекови непотребно, односно не правете непотребни залихи на лекови. Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствен систем“ - порача Филипче на социјалните мрежи.
Државата веќе стапила во контакт со странски донатори заради набавка на најнеопходните средства.
„Досега обезбедени се 25 респиратори од Норвешка, плус 30 респираторнии машини во Кина, а се купуваат со пари од ЕУ. И Брисел ќе помогне за надминување на ситуацијата“, изјави вицепремиерот Бујар Османи.
Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со словенечките власти организирало враќање на 42 македонски граѓани, со конвој од 16 автомобили. За денеска е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 граѓани од Истанбул.
Facebook Forum