Линкови за пристапност

Невозможно е во Северна Кореја да нема коронавирус, вели американскиот генерал Абрамс


Врховниот американски генерал во Јужна Кореја рече дека е невозможно тврдењето на Северна Кореја дека во државата нема случаи на коронавирус.

„Можам да ви кажам дека тоа е невозможно тврдење, засновано врз основана сите податоци што ги видовме“, изјави генералот Роберт Абрамс за Гласот на Америка и за Си-Ен-Ен, во широко заедничко интервју во четвртокот.

Северна Кореја постојано инсистираше на тоа дека е државата каде што нема вируси, иако болеста ги уништува државите ширум светот.

„Ние нема да ги откриеме нашите извори и методи. (Но) тоа е невистинито. Колку има, не можам да кажам“, рече Абрамс.

Северна Кореја постојано инсистира на тоа дека е државата каде што нема вируси, иако болеста ги уништува државите ширум светот.


Северна Кореја ги затвори своите граници кон крајот на јануари, веднаш откако коронавирусот се појави во Кина. Но, целосно запечатување на границата со Кина би било невозможно, бидејќи економијата на Северна Кореја се потпира на формална и неформална трговија со Кина.

Абрамс рече дека војската на Северна Кореја исто така била „заклучена“ околу 30 дена во февруари и почетокот на март. „Тие презедоа драконски мерки на нивните гранични премини и во рамките на нивните формации да го направат токму она што го прават сите други, а тоа е да се запре ширењето“, рече тој.

Голема епидемија би можела да доведе до хуманитарна катастрофа во Северна Кореја, која се соочува со недостаток на соодветни медицински материјали и инфраструктура.

Самата Северна Кореја соопшти дека спречувањето на коронавирусот е прашање на „национален опстанок“ и спроведе строги мерки за карантин.

Севернокорејските државни медиуми ги прикажаа напорите како сто проценти успешни и ставија акцент на распространетостана смртоносниот вирус во другите држави.

Додека светскиот фокус е ставен на коронавирусот, Северна Кореја исто така тестира голем број ракети. Минатиот месец, земјата тестираше осум балистички ракети со краток дострел, што е рекордно висок број.

„Сè што прават е да предизвикаат зголемена напнатост“, рече Абрамс за тестирање на проектили, за што рече дека е дел од четири или петгодишен план на Северна Кореја за развој на ракета со цврсто гориво.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG