Линкови за пристапност

Како Нов Зеланд стигна до нула нови случаи на коронавирус?


Правилата за социјално дистанцирање сепак остануваат на сила, а собирите ќе бидат ограничени на групи до 10 лица

Официјални преставници на Нов Зеланд објавија дека втор ден по ред не се регистрирани нови случаи на КОВИД-19, додека повеќето бизниси во земјата започнуваат повторно да се отвораат.

Говорејќи пред новинарите во средата во Велингтон, премиерката на Нов Зеланд, Џacинда Ардерн и генералниот директор на Министерството за здравство Ешли Блумфилд објавија дека вкупниот број на потврдени и веројатни случаи на коронавирус застанал на 1.497.

Блумфилд рече дека тоа е охрабрувачка вест бидејќи повеќето бизниси, вклучувајќи трговски центри, продавници за малопродажба и ресторани, ќе можат повторно да се отворат, иако правилата за социјално дистанцирање ќе останат на сила, а собирите ќе бидат ограничени на групи до 10 лица.

Тој рече дека е од витално значење е Нов Зеланд „да продолжи да ги моделира обрасците на лично однесување што ќе го задржат Ковид-19 надвор од Нов Зеланд“.

Премиерката рече дека државата се соочила со најтешките економски услови уште од Големата депресија поради пандемијата на вирусот.

Таа истакна дека Нов Зеланд треба да влезе во „многу тешка зима, но по секоја зима следи пролет, и ако направиме вистински избор, можеме да ги вратиме Новозеланѓаните повторно на работа и нашата економија повторно да се движи брзо“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG