Линкови за пристапност

Не купувајте маски за превенција од коронавирусот


Американскиот координатор за здравство вели дека со неправилна употреба на маски вирусот всушност се шири повеќе

Националниот координатор за здравство на САД им препорача на Американците да не носат маски како превенција од смртоносниот коронавирус.

„Ризикот за американските граѓани останува низок“, изјави координаторот за здравство, Џером Адамс, во шоуто „ Fox & Friends“ во понеделникот. „Постојат работи што луѓето можат да ги направат за да останат безбедни. Постојат работи што не треба да ги прават. И од работите што не треба да ги прават, мислам пошироката јавност, е да излезат и да купуваат маски“.

Тој вели, дека „тоа всушност не помага. Не е докажано дека тоа е ефикасна превенција од ширење на коронавирусот. И всушност луѓето кои имаат тенденција да купуваат маски не знаат како правилно да ги носат.“

Ова е време за претпазливост, а не за паника
Џером Адамс, координатор за здравство на САД


Адамс појасни дека „луѓето кои не знаат како правилно да ги носат маските, имаат тенденција многу да го допираат лицето и тоа навистина може да го зголеми ширењето на коронавирусот“.

Националниот координатор за здравство рече дека „Американците почнуваат да се плашат кога ќе почувствуваат дека ја губат контролата.“

„Сакам Американците да разберат дека постојат работи кои можат да ги прават за да останат безбедни“, рече тој. „Можете често да ги миете рацете, во траење од 15 до 20 секунди. Останете дома кога сте болни и бидете подалеку од луѓе кои се болни.“

Адамс посочи дека 18.000 луѓе годишно во САД умираат од сезонски грип, во споредба со два смртни случаи неодамна поради коронавирусот.

„Ова е време за претпазливост, а не за паника“, заклучи тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG