Линкови за пристапност

Коронавирусот ги тресе европските берзи


Тргувањето на европските берзи денеска е намалено, во услови на зголемен страв дека глобалната економија сè уште е под силно влијание на пандемијата на коронавирусот.

Индексот FTSE во Лондон опадна за неверојатни 2,2% во пладневното тргување, индексот CAC-40 во Париз е понизот за 1,8% и индексот DAX во Франкфурт бележи намалување за 1,5%.

Тргувањето денеска започна порано во Азија, при што индексот Никеи во Токио и S&P / ASX во Сиднеј изгубија 1,7%. Значителни загуби забележаа и индексите во Хонг Конг, Сеул, Шангај и Тајпеј.

Истовремено, цената на нафтата е во пораст


Инвеститорите по се изгледа се разочарани од предупредувањето издадено во средата од страна на Џером Пауел, претседателот на Сојузните резерви на САД, дека сегашниот економски пад предизвикан од глобалната пандемија на КОВИД-19 ќе потрае и во блиска иднина.

Индексот Дау Џонс беше малку понизок, додека С & П 500 и Насдак се на позитивна територија, што укажува на мешан почеток за Вол Стрит за денеска.

Додека капиталот го губи тлото, цената на нафтата е во пораст. Американскиот „West West Intermediate“ тргува со 26,37 долари за барел, што претставува раст од 4,2%, додека „Брент“ се продава за 30,28 долари за барел, што претставува раст од 3,7%.

XS
SM
MD
LG