Тргувањето е во пораст веќе втор ден на азиските берзи бидејќи се зголемува надежта дека смртоносната пандемија на коронавирусот забавува.
Глобалната економија е во застој, бидејќи властите воведоа строги мерки и карантини за да се запре ширењето на коронавирусот
Јапонскиот индекс Никеи регистрираше пораст од два проценти, во пресрет на формалното воведување на мерките кои ги објави премиерот Шинзо Абе, а кои вклучуваат и план за економска помош од 990 милијарди американски долари.
Индексот во Хонг Конг порасна за нешто над еден процент, а во Сеул за 1,6 проценти и во Шангај за нешто над два проценти.
Индексот во Австралија беше понизок за три десетини од еден процент.
Добрите показатели на азиските берзи поволно влијаат и на Вол Стрит.
Глобалната економија е во застој, бидејќи властите воведоа строги мерки и карантини за да се запре ширењето на коронавирусот, од кој досега се заболени над 1.300.000 луѓе низ целиот свет, вклучувајќи и скоро 75.000 смртни случаи.
Но, инвеститорите изразуваат претпазлив оптимизам за вестите дека бројот на потврдени инфицирани и смртни случаи во Шпанија и Италија, две од најголемите жаришта на светот за вирусот, во последните денови постојано се намалува, додека дневната бројка на смртни случаи во Њујорк се израмнува, а бројот на нови пациенти со коронавирус полека почна да се намалува.
Facebook Forum