ВАШИНГТОН —
Во многу делови во светот, плановите за дочек на Нова година се или редуцирани или откажани втора година по ред, поради големиот број заразени со ковид-19, овојпат во голема мера поради омикрон, објави Асошиетед прес (АП).
Дури и пред омикрон, многу луѓе беа среќни да ја испратат втората година погодена од пандемијата. Засега, пишува АП, омикрон не доведе до исто ниво на хоспитализации и смртни слуачи како во претходните бранови предизвикани од другите варијанти на ковид-19.
Тоа е случај главно кај вакцинираните лица, што кај многумина нуди надеж за новата 2022 година.
Facebook Forum