Линкови за пристапност

Третата доза на „Модерна“ е ефективна против омикрон, соопшти компанијата


Компанијата рече дека половина доза од вакцината што се дава како засилувач го зголемила нивото на антитела за 37 пати

Американскиот производител на лекови „Модерна“ вели дека првичните лабораториски тестови покажуваат оти третата доза од нејзината сегашна вакцина против ковид-19 е ефикасна против омикрон.

Во соопштението што компанијата го објави денес се вели дека половина доза од вакцината што се дава како засилувач го зголемила нивото на антитела за 37 пати, додека целата доза од вакцината ги зголемила антителата за над 80 пати.

Доктор Пол Бартон од „Модерна“ вели дека студијата која не е ревидирана покажува оти вакцината е ефикасна, „исклучително безбедна“ и „ќе ги заштити луѓето во претстојниот период на одмор и во текот на овие зимски месеци, кога ќе го видиме најтешкиот притисок од омикрон“.

Најавата на „Модерна“ доаѓа еден ден откако доктор Ентони Фаучи предупреди дека омикрон „бесне низ светот“ и ги повика Американците да се вакцинираат и да примат трета доза.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека омикрон, кој првпат беше откриен минатиот месец во неколку јужноафрикански нации, сега е присутен во 89 земји.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG