Независното советодавно тело на Администрацијата за храна и лекови на САД денес се среќава да дискутира за итно одобрување на вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од 5 до 11 години.
Иако се смета за реткост децата да се разболат тешко или да починат од ковид-19, директорот за вакцини во Администрацијата за храна и лекови Питер Маркс, вели дека 1,9 милиони деца во САД на возраст од 5 до 11 години биле тестирани позитивни на ковид, а 8.300 биле хоспитализирани. Една третина од хоспитализираните, или речиси 100 деца починале.
Официјалните лица велат дека доколку се одобри вакцина за деца во оваа возрасна група то би можело да им помогне на загрижените родители, учители и јавните здравствени лидери, како и генерално во справување со пандемијата.
Центрите за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) се очекува да размисли за одобрување на ваквиот предлог следната недела.
Во меѓувреме, американската фармацевтска компанија „Модерна“ рече дека нејзините клинички тестирања покажале оти мала доза од вакцината е безбедна за деца од 6 до 11 години.
Ккао умерени несакани ефекти се појавиле замор, главоболка, висока температура и болка на местото на имунизација.
Кај многу мал број лица, биле регистрирани ретки несакани последици како воспаление на срце, што најмногу било забележано меѓу момчиња и млади мажи што биле вакцинирани со вакцините на „Фајзер“ или „Модерна“.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс
Facebook Forum