Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) препорачаа трета доза за милиони лица кои примиле вакцина на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, нагласувајќи дека третата доза не мора да биде од вакцината со која првпат биле вакцинирани.
Рошел Валенски, директорка на ЦДЦ ги одобри препораките од советодавниот панел вчера, со што ЦДЦ и Администрацијата за храна и лекови дојдоа на ист став во однос на ова прашање.
Трета доза од вакцината на „Фајзер“ беше одобрена во септември.
Центрите за контрола и превенција на болести препорачаа дека лицата на 18 години и постари, кои биле вакцинирани со „Џонсон и Џонсон“ пред два месеца или повеќе, можат да примат трета доза.
Лицата на 65 години и постари кои биле вакцинирани со „Фајзер“ и „Модерна“ може да примат трета доза по шест месеци или повеќе по втората доза.
Facebook Forum