Претседателот на САД Џо Бајден денес патува во Чикаго да зборува за иницијативата за задолжителна вакцина против ковид-19 за милиони Американци.
Џефри Зинтс, координатор на Белата куќа за справување со пандемијата, изјави за новинарите дека Бајден ќе зборува за ефектот на овој план, со кој се повикуваат компаниите со над 100 вработени да воведат задолжителна вакцина или неделни тестирања. Со оваа наредба се афектирани над 100 милиони американски работници или околу две третини од работната сила.
Чикаго е дом и на авиокомпанијата „Јунајтед Ерлајнс, една од првите авионски компании што одговори на анредбата на Бајден да воведе задолжително вакцинирање на целиот персонал од 67.000 работници стационирани во САД.
Планот на Бајден вклучува и задолжителна ковид вакцина за сите владини работници и соработници на владата, како и за вработените во болниците кои работат со здравствените осигурувања „Медикеар“ и „Медикејд“.
Белата куќа, исто така, најави дека администрацијата на Бајден ќе потроши милијарда долари за производство на брзи ковид тестови што ќе се прават во домашни услови.
Дел од информациите се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс
Facebook Forum