Линкови за пристапност

За да се обнови економијата треба да се вакцинираат 70 отсто од граѓаните во секоја држава до почетокот на 2022, предупреди ММФ


Ако богатите држави не споделат вакцини со сиромашните голем дел во светот ќе остане невакциниран и човековата трагедија ќе продолжи, рече директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева предупреди дека глобалната економија се соочува со бавно заздравување како последица на нееднаквата распределба на вакцини меѓу богатите и сиромашните земји.

За време на виртуелен говор на универзитет во Италија, Георгиева рече дека ММФ ќе ја намали економската прогноза за 2021 година како последица на големиот број на заразени со ковид-19 предизвикан од позаразната делта варијанта, како и поради големиот долг и инфлација во многу држави.

Таа рече дека глобалната економија би можела да изгуби преку 5,3 трилиони долари во наредните пет години ако најбогатите држави во светот не успеат да ги исполнат ветувањата за испраќање вакцини во државите во развој.

„Ако не го направиме тоа, голем дел во светот ќе остане невакциниран и човековата трагедија ќе продолжи“, рече таа.

Георгиева рече дека сепак е можно светот да ја достигне целта поставена од ММФ да се вакцинира најмалку 40 отсто од населението во секоја држава до крајот на годинава, и 70 отсто до првата половина на 2022 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG