Одделот за образование на градот Њујорк ги заложи сите кои работат во училиштата да се вакцинираат против ковид-19 заклучно со денес.
Официјалните лица разгледуваат колку наставници и други вработени можеби ќе треба да се вработат за да ги заменат оние што не се вакцинирани. Сите што денес нема да приложат доказ за вакцинирање ќе бидат пуштени на неплатено отсуство.
„Го повикувам секој градоначалник во Америка да воведе задолжителна вакцина пред ладната зима, кога работите ќе станат потешки“, рече градоначалникот Бил де Блазио во телевизиско интервју.
Израел, пак, соопшти дека само лицата кои примиле две дози вакцина, како и трета доза или неодамна прележале ковид-19, ќе се сметаат за целосно вакцинирани во нивните вакцинални пасоши. Во спротивно израелските власти најавија дека ќе има забрана за влез во затворени простории.
Според Универзитетот Џонс Хопкинс, Обединетото Кралство со вкупно население од околу 67 милиони, е прво во Европа со 7,9 милиони заразени од почетокот на пандемијата.
Дел од информациите се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс
Facebook Forum