Линкови за пристапност

САД ќе донираат во Косово над 35.000 вакцини на „Фајзер“


Дозите се дел од набавката на половина милијарди дози од „Фајзер“ што администрацијата на Бајден ги обезбеди на почетокот на годинава

САД планираат да испратат 35.100 дози вакцини на „Фајзер“ во Косово преку Ковакс механизмот, изјави официјално лице од Белата куќа за Гласот на Америка.

Дозите се дел од набавката на половина милијарди дози од „Фајзер“ што администрацијата на Бајден ги обезбеди на почетокот на годинава.

Косово се соочува со нов бран заразени, во најголем дел како последица на делта сојот. Според Универзитетот Џонс Хопкинс потврдени се 120.862 заразени и 2.295 смртни случаи.

Помалку од 550.000 дози досега се администрирани во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG