Линкови за пристапност

98,8 проценти од новите заразени во САД се последица на делта сојот, изјавија Центрите за контрола и превенција на болести


Бајден вчера најави план да почне да се дава трета доза вакцина за сите Американци од 20 септември

Администрацијата на претседателот Џо Бајден се очекува да им наложи на сите вработени во домовите за стари лица и центрите за грижа во САД да бидат вакцинирани оти во спротивно ќе ги изгубат федералните фондови со кои се помагаат трошоците за грижа на пациентите.

Новата обврска е дел од напорите на администрацијата да се вакцинираат повеќе луѓе со цел да се спречи ширењето на делта вирусот.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД изјавија дека 98,8 проценти од новите заразени со ковид-19 се последица на делта варијантата.

Бајден вчера најави план да почне да се дава трета доза вакцина за сите Американци од 20 септември, осум месеци откако едно лице ја примило втората доза на вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“.

Здравствените официјални лица на САД велат дека трета доза веројатно ќе им биде потребна и на лицата што ја примиле вакцината на „Џонсон и Џонсон“. Тие очекуваат повеќе информации за ова во наредните неколку недели.

Дел од информациите се искористени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG