Линкови за пристапност

СЗО бара третата доза вакцина да се одложи барем до крајот на септември


Целта е да им се дозволи на државите со ниски примања да ги земат првите дози

Американските медиуми известуваат дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе почне да ги повикува сите Американци кои целосно се вакцинирани против ковид-19 да примат трета доза вакцина.

Дополнителната доза треба да обезбеди поголема заштита од високозаразната делта варијанта која поттикна нов бран заразени.

Трета доза вакцина во САД веројатно ќе почне да се дава во септември, откако Администрацијата за храна и лекови ќе го одобри барањето на „Фајзер“ да ја користи вакцината за трета доза.

Први што се очекува да ја примат вакцината се здравствените работници, старите лица во домовите за грижа и други повозрасни граѓани, односно истите категории лица што први се вакцинираа во САД.

Администрацијата за храна и лекови и Центрите за контрола и превенција на болести, минатата недела препорачаа трета доза вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“ за лица со ослабнат имунитет.

Светската здравствена организација (СЗО) неодамна повика да се стопира давањето трета доза вакцина најрано до крајот на септември за да им се дозволи на државите со ниски примања да ги земат првите дози.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус истакна дека стапката на вакцинирани во државите со ниски примања изнесува околу 1,5 дози на 100 лица, додека во богатите држави изнесува речиси 100 на 100 луѓе.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG