Линкови за пристапност

За две недели ќе се знае дали ќе се дава трета доза вакцина во САД


Ширењето на делта варијантата ќе одреди кога ќе се дозволи третата доза, а први ќе је примат здравствените работници, стари лица во домови за грижа и повозрасни граѓани

Наредните две недели ќе покажат дали САД ќе почнат да нудат трета доза вакцина, изјави доктор Францис Колинс, директор на Националниот институт за здравје за „Фокс Њуз Сандеј“.

„Постои загриженост дека може да почне да се намалува ефикасноста на вакцината“, рече Колинс.

Здравствените работници, стари лица во домови за грижа и повозрасни граѓани би биле први што ќе примат трета доза, рече тој.

Како последица на брзото ширење на делта варијантата на ковид-19, дневно во САД има околу 129.000 нови заразени, или зголемување од 700 проценти во споредба со почетокот на јули.

Колинс рече дека бројката може да скокне до 200.000 на ден, како што беше ситуација во најлошите денови од почетокот на пандемијата во јануари и февруари минатата година.

Тој, исто така, нагласи дека луѓето кои се` уште не се вакцинирани се лесен таргет да се заразат и ги повика да се вакцинираат како што делта варијантата се шири во сите делови на државата.

Ако се покаже дека е потребна трета доза, доктор Ентони Фаучи за Си-би-ес рече дека САД ќе бидат апсолутно подготвени да го спроведат вакцинирањето брзо.

САД регистрираа нјаголем број случаи заразени од која било друга држава во светот или 36,7 милиони, според Универзитетот Џонс Хопкинс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG