Линкови за пристапност

СЗО ќе формира нов тим да го истражува потеклото на ковид-19 без политичко мешање


Светската здравствена организација ги повика сите влади да соработуваат да се забрза истрагата за потеклото на пандемијата и да се деполитизира ситуацијата

Светската здравствена организација (СЗО) најави дека ќе формира нов тим да го истражува потеклото на коронавирусот, со цел да стави крај на политичкото поентирање кое ги попречува досегашните истраги, објави Ројтерс.

Неможноста на СЗО досега да каже од каде и како се рашири вирусот поттикна тензии меѓу нејзините членки, конкретно со Кина, каде првпат беше идентификуван вирусот на крајот на 2019 година во Вухан, како и во САД.

СЗО ги повика сите влади да соработуваат да се забрза истрагата за потеклото на пандемијата на ковид-19, како и да се деполитизира ситуацијата.

„Треба да работиме сите заедно. Секој сака да знае од каде потекна најлошата пандемија на веков“, рече СЗО.

Вашингтон го поздрави планот на СЗО и научните студии базирани на факти, со цел да се открие потеклото на пандемијата за „ подобро да ги детектираме, спречиме и да одговориме на идните пандемии“.

Претседателот на САД Џо Бајден на крајот на мај им нареди на надлежните служби да најдат одговори за потеклото на ковид-19 и за тоа да информираат во рок од 90 дена.

Во конечниот извештај напишан од кинеските научници се вели дека е ектремно неверојатно вируот да излегол од лабораторија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG