Линкови за пристапност

САД дозволија трета доза на „Фајзер“ или „Модерна“ само за лица со слаб имунитет


Администрацијата за храна и лекови рече дека другите кои се целосно вакцинирани се соодветно заштитени и немаат потреба од дополнителна доза во овој момент

Администрацијата за храна и лекови на САД дозволи трета доза вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“ за луѓе со ослабнат имунитет.

Оттаму изјавија дека се особено претпазливи оти овие лица се во ризик да развијат тешка форма на болест.

„Другите кои се целосно вакцинирани се соодветно заштитени и немаат потреба од дополнителна доза вакцина против ковид-19 во овој момент“, изјави Администрацијата за храна и лекови.

Научниците дебатираат дали да даваат дополнителна доза од вакцините против ковид-19 на одредени лица со слаб имунитет, како оние со трансплантирани органи или болни од рак.

Неодамнешна студија на Универзитетот Џонс Хопкинс, покажа дека многу пациенти со трансплантирани органи имале малку или речиси немале антитела по примање две дози вакцина против ковид-19, но оти трета доза го зголемила нивниот имунитет.

Некаде меѓу три и девет милиони Американци имаат слаб имунитет или поради болест, или поради лековите што ги земаат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG