Линкови за пристапност

ЕУ би можела да забрани патници од САД независно од нивниот вакцинален статус


Земјите-членки размислуваат да ги тргнат САД од списокот на безбедни држави за патување, објави Вашингтон пост

Европската Унија би можела да ги тргне САД од списокот на безбедни држави кои можат да патуваат во земјите-членки, како што делта варијантата го зголеми бројот на заразени, објави весникот „Вашингтон пост“.

Овој потег би можел да значи забрана за невакцинираните патници, или комплетна забрана за патување од САД, независно од вакциналниот статус на патниците.

Администрацијата на Бајден беше критикувана дека презема неорганизирани чекори за справување со глобалната пандемија на ковид-19, при која се заразија над 204 милиони луѓе од 2019 година, вклучувајќи и 4,3 милиони смртни случаи, според Универзитетот Џонс Хопкинс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG