Линкови за пристапност

Олимписките игри во Токио може да се откажат во последен момент


Извршниот директор Тоширо Муто рече дека ќе размисли што да направи доколку се зголеми бројот на заразени меѓу спортистите

Олимпијадата во Токио е подготвена да почне за три дена, но извршниот директор на Олимписките игри Тоширо Муто, не ја исклучува можноста во последен момент тие да се откажат ако продолжи да расте бројот на заразени со ковид-19 меѓу спортистите.

Муто на денешната прес-конференција рече дека го следи бројот на заразени. Од први јули наваму веќе е регистриран 71 случај на коронавирус кај лица кои се квалификувани да учествуваат во Игрите.

„Ќе ги продолжиме разговорите ако бројката продолжи да расте. Во овој момент, бројот на ковид случаи може да се зголеми или да се намали, така што ќе размислуваме што да направиме во случај да се зголеми“, рече Муто.

Некои од спонзорите веќе ги откажаа плановите да присуствуваат на отворањето на Игрите в петок, а поради пандемијата нема да има публика за да се минимизираат здравствените ризици.

Програмата за вакцинирање на Јапонија заостанува во споредба со другите развиени држави. Досега се регистрирани над 840.000 заразени и 15.055 смртни случаи.

Во Токио има нагло зголемување на бројот на заразени. Само денес се регистрирани 1.387 нови случаи на коронавирус.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG