Стејт департментот ги повика Американците да не патуваат во Британија поради зголемениот број на заразени со ковид-19 во државата.
Стејт департментот, како и Центрите за контрола и превенција на болести, изјавија дека ако луѓето мора да патуваат во Британија да бидат целосно вакцинирани пред да патуваат.
Ковид случаите во Британија се искачија до 50.000 дневно минатата недела, првпат од јануари. Зголемениот број заразени во голема мера е последица на делата варијантата на вирусот, првпат детектирана во Индија.
Канадската влада, пак, најави дека од 9-ти август ќе ги отвори границите за американските граѓани и постојани жители кои живеат во САД. Услов за тоа ќе биде граѓаните да покажат доказ дека се целосно вакцинирани против ковид-19 и да имаат негативен тест на вирусот 72 часа пред патувањето.
Тамошните официјални лица најавија дека ќе дозволат влез за целосно вакцинирани ллица и од други држави од седми септември.
Facebook Forum