Линкови за пристапност

Дневната бројка на заразени во САД речиси иста како на почетокот на пандемијата


Доктор Вивек Марти рече дека пандемијата не е завршена и ги повика социјалните медиуми да направат повеќе во борбата против дезинформациите

Доктор Вивек Марти, вицеадмирал во Одделот за здравство на САД, рече дека е загрижен за зголемениот број на заразени со ковид-19, велејќи дека дел од вината за тоа ја имаат социјалните медиуми кои не прават доволно да ги отстранат дезинформациите поврзани со вакцините.

„Загрижен сум за тоа што го гледаме. Пандемијата не е завршена“, рече тој за „Фокс њуз сандеј“, додека секој ден во САД се регистрираат околу 29.000 нови случаи на ковид, речиси исто како на почетокот на пандемијата во април 2020 година.

Делата варијантата на коронавирусот е многу проблематична, рече тој.

„Добрата вест е што вакцинираните луѓе се` уште имаат голема заштита“, изјави доктор Марти, но нагласи дека 95 отсто од смртните случаи во САД сега, или над 250 на ден, се луѓе кои не биле вакцинирани.

Тој рече дека луѓето се „преплавени со дезинформации“ оти вакцините се непотребни и небезбедни.

Претседателот Џо Бајден минатата недела рече дека дезинформациите на социјалните медиуми „убиваат луѓе“, и оти сега единствената пандемија е меѓу невакцинираните граѓани.

Компанијата „Фејсбук“ одговори дека отстранила 18.000 дезинформации поврзани со пандемијата на ковид-19.

Доктор Марти рече дека тоа не е доволно и го повика „Фејсбук“ да направи повеќе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG