Линкови за пристапност

Имаме повеќе вакцини отколку луѓе што сакаат да се вакцинираат, предупреди Меркел


Германската канцеларка рече дека сака повеќе луѓе да се вакцинираат за да ги олесни рестриктивните мерки и да се спречат идни затворања

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика сите германски граѓани да се вакцинираат ако сакаат да уживаат поголема слобода.

Државата се соочува со зголемен број на заразени со ковид-19 изминатава недела, кој се зголеми од 4,9 на 6,4 лица на 100.000. Германија денес регистрираше 646 нови случаи, што е повеќе за 440 во споредба со минатата недела.

Официјалните лица велат дека 42,6 проценти од возрасните Германци биле целосно вакцинирани и речиси 59 проценти примиле барем една доза.

Сепак, стапката на вакцинирање опаѓа изминативе две недели.

Меркел рече дека сака повеќе луѓе да се вакцинираат за да ги олесни рестриктивните мерки и да се избегне можноста за идни затворања на државата.

Таа рече колку повеќе луѓе се вакцинираат толку повеќе „ќе бидеме слободни да живееме повторно“.

„Ние сме на почеток на фаза во која се` уште промовираме вакцинација, во која имаме повеќе вакцини отколку луѓе кои сакаат да се вакцинираат“, изјави Меркел.

Германија ги олесни рестрикциите за социјално групирање изминативе месеци, но луѓето се` уште се обврзани да покажат негативен резултат од ковид тест или сертификат за примена вакцина за да јадат во ресторани и да присутвуваат на настани во затворени простории каде капацитетот е лимитиран.

Маските во продавници и натаму се задолжителни.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Агенцијата Франс-прес и Ројтерс

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG