Администрацијата за храна и лекови на САД излезе со ново предупредување за вакцината против ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ поради поврзаност со ретка невролошка состојба.
Оттаму велат дека добиле прелиминирани извештаи за 100 лица кои развиле Гилен-Бареов синдром по примање на вакцината.
Според Администрацијата за храна и лекови на САД, овој синдром се појавува кога имуниот систем ги уништува нервните клетки, предизвикувајќи мускулна слабост и повремена парализа.
Помеѓу 3.000 и 6.000 луѓе во САД секоја година се дијагностицирани со оваа болест.
Администрацијата за храна и лекови рече дека 100 лица кои примиле вакцина го развиле овој синдром, едно лице починало, а 95 биле хоспитализирани.
Повеќето од случаите биле мажи над 50 години, кои го добиле овој синдром две недели по вакцинирањето.
Ова е мал број случаи од 12,8 милиони луѓе кои ја примиле вакцината на „Џонсон и Џонсон“.
Facebook Forum