Линкови за пристапност

47 отсто од републиканците не би се вакцинирале против ковид-19, покажа ново истражување


Само шест проценти од демократите, пак, кажале дека веројатно би одбиле вакцина, открива анкета на „Вашингтон пост“ и „Еј-би-си њуз“

Ново истражување на „Вашингтон пост“ и „Еј-би-си њуз“ покажува дека 86 отсто од демократите примиле барем една доза вакцина против ковид-19, додека само околу 45 отсто од републиканците го направиле истото.

Дополнително, истражувањето открило дека само шест проценти од демократите кажале дека веројатно би одбиле вакцина, за разлика од 47 отсто од републиканците, кои се изјасниле дека веројатно нема да се вакцинираат.

Според анкетата, 60 проценти од невакцинираните Американци веруваат дека САД ја преувеличуваат опасноста од делта варијантата, додека 18 проценти од невакцинираните велат оти Владата точно ги опишува ризиците од новите варијанти на вирусот.

Сепак, 64 проценти од вакцинираните Американци сметаат дека Владата точно го објаснува ризикот од делата варијантата.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, заклучно со денес, биле регистрирани 183, 8 милиони заразени на глобално ниво.

САД имаат најголем број случаи, односно 33,7 милиони, по кои следат Индија со 30,6 милиони и Бразил со 18,8 милиони.

Универзитетот Џонс Хопкинс изјави дека биле администрирани над три милијарди вакцини.

(Текстот содржи информации од Асошиетед прес)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG