Линкови за пристапност

Вакцината на „Синовак“ ја намалува стапката на смртност до 95 отсто, покажува нова студија


Владата на Уругвај објави податоци, кои покажуваат дека оваа кинеска вакцина ги намалила заразите за 61 отсто и хоспитализациите за 92 проценти

Лекарската асоцијација на Индонезија изјави дека најмалку десет лекари починале, и покрај тоа што биле целосно вакцинирани со вакцината против ковид-19 на „Синовак“.

Според експерти за заразни болести, стотици индонезиски здравствени работници се заразиле повторно, независно од тоа што имале примено вакцина.

Не е јасно колку често се случуваат вакви ситуации, како и колку сериозни се повеќето од заразите.

Според достапните информации, оваа вакцина е помалку ефективна од други, особено против делта варијантата на коронавирус, која првпат беше откриена во Индија.

Сепак, пристапот до поефикасни вакцини е лимитиран во поголемиот дел од светот, велат експертите.

Индонезија е една од десетиците држави во кои оваа кинеска вакцина е суштински дел од достапните дози.

Недостиг на податоци за оваа вакцина ја комплицираат нејзината евалуација, но, сепак неколку достапни студии обезбедуваат индикации за нејзината ефикасност.

Владата на Уругвај објави податоци на почетокот на месецов, кои покажуваат дека вакцината на „Синовак“ ги намалила заразите за 61 отсто, хоспитализациите за 92 отсто, и смртните случаи за 95 отсто.

Оваа е ретка студија, која ја споредува вакцината на „Синовак“ со други вакцини.

Според неа, вакцината на „Фајзер/БиоНтек“ била поефикасна против зараза, намалувајќи ја стапката за 78 отсто. Сепак, стапката на хоспитализации и смртни случаи била речиси иста.

Не е јасно која варијанта на коронавирусот била доминантна за време на спроведување на истражувањето.

Сепак, експертите велат дека податоците за „Синовак“ покажуваат оти нивото на антитела било доста ниско, и по две дози од оваа вакцина.

Кинеските официјални лица велат дека вакцината сепак нуди заштита од развивање сериозна форма на болеста.

Поранешното раководство на Кинеските центри за контрола и превенција на болести, соопшти дека кога делта варијантата на ковид-19 станала доминантна во Кина, ниту едно од вакцинираните лица не развило тешка форма на болест по повторно заразување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG