Линкови за пристапност

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ би можеле да штитат со години, покажува ново истражување


Истражувањето сугерира дека лицата кои ги примиле овие вакцини можеби нема да треба да примаат трета доза воопшто

Нова студија на Универзитетот Оксфорд покажува дека мешањето на вакцините на „Фајзер“ и на „АстраЗенека“ ќе доведе до зголемено ниво на имунитет против ковид-19, отколку две дози на „АстраЗенека“, независно од тоа како се препорачани да се примат.

Друго истражување на Охсфорд покажува дека трета доза од вакцината на „АстраЗенека“ обезбедува силен имунолошки одговор.

Истражувањето вклучувало 90 волонтери во Британија, кои примиле трета доза на „АстраЗенека“, откако учествувале во првичните клинички испитувања минатата година.

Во меѓувреме, истражувачи на Школата за медицина на Универзитетот Вашингтон објавија студија, според која, вакцините против ковид-19 на „Фајзер“ и „Модерна“ може да штитат од болеста со години.

Истражувањето сугерира дека лицата кои ги примиле овие вакцини можеби нема да треба да примаат трета доза воопшто.

Податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс покажуваат дека заклучно со денес, биле регистрирани повеќе од 181,3 милиони заразени со ковид-19 на глобално ниво, вклучувајќи 33,6 милиони смртни слуачи.

САД се први во двете категории, со 33,6 милиони заразени, и 604,114 смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG