Зголемен бројот на Американци кои минатата недела аплицирале за бенефиции поради невработеност, објави Одделот за труд.
Бројот на нови барања изнесува 412.000, што е за 37.000 повеќе во споредба со неделата претходно. Ова е првпат во три недели неделната бројка да надмине 400.000 барања.
Гувернерите на сојузните држави и локалните официјални лица низ САД ги укинуваат рестриктивните мерки, во многу случаи доволувајќи им на бинисите првпат за период од една година целосно да отворат. Тоа, пак, би можело да доведе до повеќе вработувања.
Калифорнија, најнаселената сојузна држава на САД, целосно ја отвори економијата оваа недела.
Речиси 55 отсто од возрасните Американци досега се целосно вакцинирани против коронавирус, иако имунизацијата забави во споредба од пред неколку недели.
Официјалните лица во многу сојузни држави сега нудат разни бенефиции за да ги поттикнат граѓаните да се вакцинираат.
Facebook Forum