Линкови за пристапност

Речиси 25 отсто од пациентите со ковид-19 добиле нови симптоми долго по заразата


Ново истражување во САД открива дека одложени симптоми на ковид се болка, проблеми со дишењето, висок крвен притисок, високо ниво на холестерол, замор, срцеви и ментални проблеми

Ново истражување во САД открива дека речиси 25 отсто од пациентите со ковид-19 добиле нови здравствени проблеми долго по нивната прична дијагноза.

Непрофитната организација „Феар хелт“ (FAIR Health) ги анализирала здравствените осигурувања на речиси два милиона луѓе меѓу февруари 2020 и февруари 2021 година. Резултатите покажале дека најчести симптоми што пациентите ги имале отпосле се болка, проблеми со дишењето, висок крвен притисок, високо ниво на холестерол и замор.

Дел од долгорочните симптоми се и срцеви проблеми, како и депресија и анксиозност.

Биле афектирани пациенти на сите возрасти, вклучувајќи и деца, дури и оние што биле асимптоматски.

Истражувањето покажало дека 19 отсто од пациентите кои за време на заразата немале симптоми, пројавиле некакви симптоми на долг рок, додека 27 отсто имале благи или умерени симптоми, но не биле хоспитализирани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG