Линкови за пристапност

Британија може ќе биде затворена уште еден месец поради ширењето на доминантниот индиски сој


Дел од владините советници велат дека болниците нема да можат да издржат доколку бројот на хоспитализации повторно биде како во јануари

Британскиот премиер Борис Џонсон е под голем притисок на конзервативните законодавци и нивните поддржувачи во медиумите, да се држи до првичната најава сите ковид рестрикции да се тргнат на 21 јуни.

Но, наглото зголемување на број на заразени со коронавирус, предвизика големо лобирање од научните советници на Владата, кои бараат да се одложи крајното олеснување на мерките.

Тие сакаат да ги разгледаат најновите податоци, и да осигураат дека мутациите, вклучувајќи ја и доминантната нова варијана делта, првпат детектирана во Индија, не се отпорни на вакцините.

Официјалните владини претставници се во трка меѓу вакцинираните и новата варијанта делта. Бизнис заедницата, исто така, изрази фрустрација за какво било одложување на укинување на мерките.

Владини извори велат дека очекуваат Џонсон в понеделник да најави одложување на мерките од две недели до еден месец

Меѓу оние кои се против таква одлука е и композиторот Ендрју Лојд- Вебер, кој ѝ се закани на Владата дека ќе ризикува да биде уапсен оти повторно ќе ги отвори неговите театри во Лондон на 21 јуни.

„Ако последната фаза на олеснување се одложи, дојдете во театар и уапсете не`“, изјави тој за локалните медиуми.

Новата варијанта делта е најмалку 40 отсто позаразна од претходните соеви во Британија, рече владиниот советодавен панел, а зголемувањето на инфекциите е забележано главно меѓу невакцинирани лица под 30 години.

Некои владини советници се плашат дека Британското национално здравство нема да може да се справи уште еднаш, доколку вирусот се рашири дотолку, што потребата на хоспитализации би дошла како во јануари.

Досега се регистрирани повеќе од 12.000 лица заразени со варијантата делта, од кои 126 биле хоспитализирани. 83 од хоспитализираните не биле вакцинирани, 28 примиле една доза вакцина, додека само тројца примиле две дози.

Британија дневно неделава регистрира над 6.000 нови случаи на ден, што е зголемено за 68 проценти изминативе седум дена.

Половина од сите возрасни во Британија примиле две дози вакцина. Според официјалните владини податоци, околу 4 од 5 лица над 50 години, и една третина од оние над 40 години, се целосно вакцинирани.

Оние што се противат на продолжување на мерките се повикуваат на опаѓањето на бројот на смртни случаи и болнички хоспитализации, велејќи дека вакцините се покажле ефективни.

Белата куќа, пак, рече дека формирала работни групи со бројни странски држави, меѓу кои и Британија, за да утврдат како безбедно да се обнови меѓународниот сообраќај.

Светските лидери ќе разговараат за ова прашање на Самитот Г7 на крајот на неделава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG