Потпретседателката на САД Камала Харис рече дека администрацијата на Бајден ќе донира четири милијарди долари помош за Ковакс механизмот, годинава и во 2022, без да даде ветување за нова финансиска помош или донација на вакцини.
Претседателот Џо Бајден, исто така, вети и дека ќе донира 80 милиони дози од залихите на САД.
Ковакс механизмот доби ветување за речиси 2,4 милијарди долари за време на вчерашниот виртуелен самит организиран од Јапонија, а има најави и за значителна финансиска помош од Канада, Франција, Шпанија и Шведска. Откако е формиран, Ковакс има добиено помош од 9,6 милијарди долари.
Неколку држави, исто така, ветија дека ќе донираат милиони дози од домашните залихи, од кои Јапонија вети дека ќе донира 30 милиони дози.
Досега преку оваа програма се дистрибуирани 77 милиони дози вакцина против ковид-19 во 127 држави, многу помалку од првичното ветување до две милијарди дози оваа година.
Facebook Forum