Линкови за пристапност

СЗО дозволи употреба на кинеската вакцина на „Синовак“


Светската здравствена организација рече дека не можела да ја утврди ефективноста на вакцината кај лица над 60 години, бидејќи многу малку од таа возрасна група учествувале во тестирањата

Светската здравствена организација (СЗО) дозволи итна употреба на кинеската вакцина против ковид-19 на „Синовак бајотек“ за лица на возраст од 18 години и постари.

Ова е втора кинеска вакцина одобрена од СЗО, откако минатиот месец беше одобрена вакцината на „Синфорам“, фармацевтска компанија во државна сопственост.

СЗО изјави дека добиените податоци од „Синовак“ покажале оти две дози од оваа вакцина спречиле развивање симптоми кај преку половина од вакцинираните.

Организацијата, исто така, рече дека не можела да ја утврди ефективноста на вакцината кај лица над 60 години, бидејќи многу малку лица од таа возрасна група учествувале во тестирањата.

По одлуката на СЗО, оваа вакцина ќе биде достапна за посиромашните држави преку Ковакс механизмот, меѓународна програма која дистрибуира вакцини во државите во развој.

Други вакцини за кои СЗО дозволи итна употреба се „АстраЗенека“, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ и „Фајзер-БиоНтек“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG