Линкови за пристапност

Ковакс побара од светските лидери две милијарди дози вакцина до крајот на годината


Иницијативата Ковакс, која се соочува со недостиг од 190 милиони дози вакцина до крајот на јуни, ги повика светските лидери да помогнат да обезбедат две милијарди дози оваа година, со цел да се осигура вакцинирање на ранливите категории граѓани.

Ковакс, исто така, рече дека е потребна помош за да можат 1,8 милијарди дози да им бидат достапни на 92 сиромашни држави до почетокот на 2022 година.

„Гледаме трауматични последици од страшниот бран на ковид-19 во јужниот дел на Азија, што тешко го погоди глобалното снабдување со вакцини“, стои во изјавата на Ковакс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG