Линкови за пристапност

Нема ризик од нов бран ако до 4-ти јули една доза вакцина примат 70 отсто од граѓаните, рече Фаучи


СЗО, пак, рече дека нееднаквиот пристап до вакцини во светот останува еден од најголемите ризици да се стави крај на пандемијата

Директорот на Институтот за алергија и заразни болести на САД Ентони Фаучи, во изјава за „Вашингтон пост“, рече дека верува оти САД можат да избегнат нов бран на заразени со коронавирус.

Фаучи рече дека ако државата ја постигне целата што ја постави претседателот Џо Бајден, до 4-ти јули да биде вакцинирано 70 отсто од населението барем со една доза, не би имало ризик од нов бран, доколку и натаму се продолжи со истото темпо на вакцинирање на граѓаните како и досега.

Во меѓувреме, Тедрос Аданом Гебрејесус, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), рече дека нееднаквиот пристап до вакцини во светот останува еден од најголемите ризици да се стави крај на пандемијата.

Според најновите податоци на Универзитетот Џонс Хопкинс, Индија има 26 милиони од вкупно 165,5 милиони заразени на глобално ниво. Само САД имаат повеќе случаи, односно 33 милиони.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG