Линкови за пристапност

Њујорк би можел да се отвори пред први јули


Гувернерот Ендрју Куомо рече дека се надева оти тоа ќе се случи, но, не сака да прогнозира

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо рече дека се надева оти Њујорк би можел да се отвори пред први јули, но, рече дека е неодговорно да се прават проекции.

Тој го кажа ова за време на брифинг во Бафало, каде беше прашан за најавите на градоначалникот Бил де Бласио дека градот повторно ќе биде отворен на први јули.

Куомо рече дека не сака да прогнозира, без да знае што ќе се случи во мај или јуни.

„Мислам дека ако правиме тоа што треба, би можеле да отвориме и порано“, рече гувернерот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG