Линкови за пристапност

Новите препораки за маски на отворено треба да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат, рече Фаучи


Во интервју за Ен-би-си, тој ги отфрли коментарите дека млади и здрави луѓе не треба да се вакцинираат

Директорот на Институтот за алергија и заразни болести на САД Ентони Фаучи, рече дека новите препораки за носење маски на отворено треба да бидат мотивација за луѓето да се вакцинираат.

Директорката на Центрите за контрола и превенција на болести Рошел Валенски, на почетокот на неделава најави дека целосно вакцинираните Американци не треба да носат маски на отворено, освен на места каде има многу луѓе, и оти можат да уживаат во активности, како вежбање на отворено и да одат во ресторани во кои има можност да се седи надвор.

Во интервју за Ен-би-си, Фаучи рече дека освен на големи концерти и групирања, целосно вакцинираните луѓе можат да уживаат во природа без маски. Тој нагласи дека колку повеќе луѓе се вакцинираат, толку повеќе бројот на заразени ќе се намалува и ќе се олеснуваат рестрикциите.

Тој ги отфрли коментарите дека млади и здрави луѓе не треба да се вакцинираат.

„Ако сакате да се грижите само за себе, не и за заедницата, тогаш е во ред. Но, ако размислувате дека ако се заразите вие можете да му наштетите на некој друг, тоа е причина да бидете внимателни и да се вакцинирате“, рече Фаучи во интервјуто.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG