Линкови за пристапност

ЕУ поднесе тужба против „АстраЗенека“ оти не успеала да испорача милиони дози во сите земји-членки


Компанијата рече дека тужбата е неоснована

Европската Унија поднесе тужба против „АстраЗенека“ оти не успеала да го исполни договорот да испорача милиони дози вакцина во сите 27 земји-членки.

Компанијата првично вети дека ќе испорача над 300 милиони дози до крајот на јуни, но, оттогаш го намали тој број на 100 милиони дози.

Оттаму изјавија дека жалат за потегот на Европската комисија, велејќи дека тужбата е неоснована.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG