Линкови за пристапност

Индија доби респиратори и кислород од Британија да се справи со вториот бран на ковид-19


Дополнителни 2.600 членови на СЗО ќе отидат во Индија да помогнат во напорите за справување со болеста

Индија денес ја доби првата пратка од неопходни медицински резерви, додека државата се справува со катастрофалниот втор бран на заразени со ковид-19.

Авион од Британија полн со 100 респиратори и друга медицинска опрема слета на аеродромот во Њу Делхи.

Британската дипломатска мисија во Индија изјави дека оваа недела во Индија ќе дојдат девет транспортни авиони со респиратори и кислород.

Други држави, исто така, ветија дека ќе испратат медицинска помош во Индија, меѓу кои Франција, Германија и Израел.

Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека нејзини дополнителни 2.600 членови ќе отидат во Индија да помогнат во напорите за справување со болеста.

Заклучно со денес, Индија регистрираше нови 323.144 заразени, што преставува шести ден по ред со над 300.000 заразени.

Здравстевниот систем на државата е пред целосен колапс, а крематориумите работат и ноќе. Карантинот во главниот град Њу Делхи е продолжен за уште една недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG