Линкови за пристапност

Доктор Фаучи очекува до крајот на неделата да се дозволи повторно вакцинирање со „Џонсон и Џонсон“


Европската агенција за лекови, пак, предупреди дека на вакцината треба да има информација за можните несакани последици, кои треба да се наведат како многу ретки

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ ја продолжи испораката на вакцини во Европа, откако Европската агнција за лекови утврди дека бенефитот од вакцината го надминува ризикот од можна тромбоза.

Европската агнција за лекови ја ревидираше вакцината откако шест жени во САД, на возраст од 18 до 48 години, развија ретка форма на тромобоза откако се вакцинираа со оваа вакцина. Една жена почина, а друга беше хоспитализирана во критична состојба.

Агенцијата предупреди дека на вакцината треба да има информација за можните несакани последици, кои треба да се наведат како многу ретки.

Центрите за контрола и превенција на болести во САД и Администрацијата за храна и лекови, заеднички повикаа привремено да се стопира имунизацијата со „Џонсон и Џонсон“ по случаите со згрутчување на крвта.

Доктор Ентони Фаучи, директор на Институтот за алергија и заразни болести, рече дека очекува независно советодавно тело на Центрите за контрола и превенција на болести да ја тргне суспензијата кога ќе се сретне повторно на крајот на неделата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG