Линкови за пристапност

САД изразија загриженост за извештајот на СЗО за потеклото на коронавирусот, и повикаа на поголема транспарентност


САД, заедно со 13 други држави, сметаат дека меѓународната експертска студија била значително одложена и со ограничен пристап до податоци и примероци

САД и 13 други држави изразија загриженост за новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за потеклото на коронавирусот кој предизвикува ковид-19.

Во заедничка изјава објавена на веб-страницата на Стејт департментот, се вели дека било неопходно да се изрази загриженост оти меѓународната експертска студија за изворот на вирусот, била значително одложена и со недостиг на пристап да се комплетираат оригиналните податоци и примероци.

СЗО вчера официјално го објави извештајот, велејќи дека и покрај тоа што тој претставува опсежна ревизија на расположливите податоци, сепак се` уште не го нашле изворот на вирусот.

Тимот научници се соочи со проблеми во пристапот до податоците за време на посетата на кинескиот град Вухан на почетокот на годинава.

Истражувачите, исто така, беа принудени да чекаат со денови пред да добијат дозвола од Кинеската влада да влезат во Вухан.

Во заедничката изјава, САД и другите држави, велат дека се надеваат оти ќе има транспарентен процес базиран на факти во наредната фаза од ова истражување, како и во идни здравствени кризи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG