Линкови за пристапност

1,4 милиони несакани бремености поради ограничен пристап до контрацепција за време на пандемијата


Фондот за население на ОН вели дека речиси 12 милиони жени во 115 држави, со ниски и средни примања, не можеле да добијат контрацептивни услуги

Фондот за население на Обединетите нации (ОН) предупреди дека жените и девојчињата мора да имаат непрекинат пристап до контрацептивни средства и лекови за ментално здравје.

Фондот забележува дека речиси 12 милиони жени во 115 држави, со ниски и средни примања, не можеле да добијат пристап до услугите за контрацепција, просечно 3,6 месеци минатата година како последица на пандемијата, што довело до 1,4 милиони непланирани бремености.

„Меѓународната заедница се обедини да спречи најлошо можно сценарио“, изјави Наталија Канем, извршна директорка во Фондот за население на ОН.

Оттаму соопштија дека Фондот работи со партнери од владите на развиените држави, граѓанското општество и приватниот сектор, и оти презел итни мерки да се намалат последиците од пандемијата.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, заклучно со денес, регистрирани се над 118 милиони случаи на ковид-19 на глобално ниво. САД, со повеќе од 29,2 милиони заразени се први во светот, зад кои следат Индија со 11,3 милиони заразени, и Бразил со 11,2 милиони заразени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG