Претседателот на САД Џо Бајден, денес, има виртуелна средба со премиерите на Јапонија, Индија и на Австралија, на која разговараат за стратегиите за борба против зголеменото кинеско влијание во Индопацифичкиот регион.
Официјално лице од администрацијата на Бајден, вели дека групата лидери најавиле и финансиски механизам да се забрза производството на вакцини до милијарда дози до 2022 година, со цел да се адресира недостигот од вакцини во Индопацифичкиот регион, главно во државите во Југоисточна Азија.
Според друго официјално лице од администрацијата, Американската банка за развој работи со компании во Индија и со Владите на Јапонија и Австралија, за да се забрза производството на вакцините, кои веќе се одобрени од Светската здравствена организација (СЗО).
Администрацијата не кажа дали овие вакцини ќе бидат посебни, или дел од Ковакс механизмот, за дистрибуција на две милијарди дози вакцини во 94 посиромашни земји до крајот на годината.
Бајден е под притисок да возврати на дипломатијата на Кина со вакцини, како што се обидува Американците први да бидат целосно вакцинирани, да се вакцинираат деца, како и да се подготви вакцинирање против новите верзии на вирусот.
Засега нема доволно податоци за да се утврди која од трите вакцини одобрени во САД е безбедна и ефективна за децата.
Претседателот на Кина Шји Џјимпинг, пак, рече дека кинеските вакцини ќе станат јавно добро.
Facebook Forum