Линкови за пристапност

Се намалуваат барањата за бенефиции поради невработеност во САД


Владата рече дека 712.000 работници аплицирале за бенефиции минатата недела, што е 42.00 помалку од неделата претходно

Барањата за бенефиции поради невработеност во САД се намалиле минатата недела, соопшти Одделот за труд.

Владата рече дека 712.000 работници аплицирале за бенефиции минатата недела, што е 42.00 помалку од неделата претходно.

Дополнително, претседателот Џо Бајден се очекува утре да го потпише законот за финансиската помош за справување со последиците од пандемијата, која изнесува 1,9 трилион долари.

Досега, пак, околу 2,1 милион Американци се вакцинираат против ковид-19 секој ден, а претседателот вети дека до крајот на мај секој што сака да се вакцинира би можел тоа да го направи.

Повеќе од 95 милиони Американци примиле барем една доза вакцина, а како што бројот се зголемува, повеќето луѓе постепено се враќаат на стариот живот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG