Организацијата за економска соработка и развој предвидува многу поголем развој на глобалната економија во 2021 година, како што државите постепено заздравуваат од пандемијата на коронавирус.
Според организацијата, светската економија ќе порасне за 5,6 проценти оваа година, што е далеку подобро од предвидениот раст од 4,2 проценти минатиот декември.
Организацијата вели дека американската економија би пораснала до 6,5 проценти, речиси двојно повеќе од првичната прогноза од 3,2 проценти.
Оттаму сметаат дека новиот пакет финансиска помош на САД ќе ја зголеми стапката на глобалниот раст за еден процент.
Сепак, организацијата нагласува дека неуспехот да се забрза процесот на вакцинирање и ширењето на новите мутации на вирусот претставуваат голем ризик за потенцијално заздравување.
Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, повеќе од 117,5 милиони лица во светот досега се заразени со ковид-19, вклучувајќи и над 2,6 милиони смртни случаи.
Facebook Forum