Линкови за пристапност

Претставничкиот дом утре ќе гласа за одобрување на пакетот од 1,9 трилиони долари за справување со пандемијата


Штом ќе биде изгласан, претседателот Џо Бајден ќе може да ја потпише легислативата

Претставничкиот дом на САД, утре, се очекува да го изгласа конечниот економски пакет за помош при пандемијата вреден 1,9 трилиони долари, кој треба да обезбеди финансиска помош за милиони американски семејства и бизниси.

Штом ќе биде изгласан во Претставничкиот дом, претседателот Џо Бајден ќе може да ја потпише легислативата.

Според републиканските законодавци, пакетот е преголем и не ги таргетира Американците на кои најмногу им е потребна помош.

Помошта, меѓудругото, вклучува директни чекови за Американците од 1.400 долари, 3.000 или 3.600 долари помош за децата, зависно од нивната возраст, додека невработените ќе треба да добијат помош од 300 долари неделно, која ќе трае до почетокот на септември.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки ја пофали легислативата, и рече дека иако се направени мали промени во Сенатот, сепак ја опфаќала суштината на оригиналиот пакет предложен од Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG