Линкови за пристапност

Вакцинираните баби и дедовци ќе може да ги посетат внуците дури и тие да не се вакцинирани


Според најновите препораки на Центрите за контрола и превенција на болести на САД, вакцинираните лица ќе треба да продолжат да носат маски и да практикуваат социјално дистанцирање на јавен простор

Центрите за контрола и превенција на болести во САД најавија дека вакцинирани лица може да се среќаваат со други вакцинирани лица, во затворен простор, без носење маски или социјално дистанцирање.

Оттаму најавија дека вакцинираните лица може да се среќваат со помлади луѓе и со оние за кои се смета дека имаат помал ризик да развијат тешка форма на болеста.

Тоа значи дека бабите и дедовците ќе можат да ги посетат нивните внуци, иако тие не се вакцинирани.

Според најновите препораки, лицата што ја примиле вакцината нема да има потреба да се изолираат доколку имале контакт со заразено лице.

Сепак, вакцинираните лица треба да продолжат да носат маски и да практикуваат социјално дистанцирање на јавен простор. Тие, исто така, треба да бидат тестирани против ковид-19 доколку развијат симптоми на коронавирус.

За едно лице да се смета целосно вакцинирано, треба да поминат две недели по примање на втората доза на вакцината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG