Линкови за пристапност

Вакцината на „Фајзер-БиоНтек“ делува и против бразилскиот сој на коронавирус

Лабораториските истражувања покажале дека вакцината е ефективна против бразилскиот сој исто како и против другите, помалку заразни верзии на вирусот од минатата година

Вакцината на „Фајзер-БиоНтек“ делува против мутацијата на коронавирус неодамна откриена во Бразил, покажаа резултатите од лабораториско истражување.

Научници од „Фајзер“ и Универзитетот на Тексас зеле примероци од крв од лица кои ја примиле вакцината, и ги измешале со направена верзија на мутацијата, по што откриле дека вакцината е речиси исто ефективна против бразилскиот сој, како и против другите, помалку заразни верзии на вирусот од минатата година.

Како што повеќе вакцини против ковид-19 стануваат достапни за генералната јавност, американската авиоиндустрија бара администрацијата на претседателот Џо Бајден да воведе нови стандарди за документите за патување, за да можат патниците да покажат дека биле тестирани и вакцинирани против ковид-19.

Авиокомпаниите бараат од Центрите за контрола и превенција на болести во САД да донесат нови стандарди, кои се надеваат дека евентуално би довеле до продолжување на глобалното патување.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG