Линкови за пристапност

Заработив колку за една куќа од песните на Балашевиќ, се сеќава Игор Џамбазов на починатиот музичар


Новинари и музичари се сеќаваат на познати личности кои починаа од ковид-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:11 0:00

Јас сум еден од ретките Македонци кои настапувал со него, рече Џамбазов, кој, заедно со други музичари и новинари, се сеќаваат на изгубените животи во пандемијата

Палејќи свеќи и слушајќи ги неговите безвременски хитови, голем број македонски граѓани, неодамна, му оддадоа последна почит на еднo од најголемите музички имиња на балканските простори, познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.

Тој е само еден во низата познати имиња од светот на музиката, филмот, театарот, спортот и политиката, кои ја изгубија битката со коронавирусот.

„Јас лично познавам педесет жртви на коронавирус. Педесет со кои јас сум живеел, сум соработувал, со некои сум бил и исклучително близок. Зарем тоа не е доволно за оние кои потпаѓаат на лажни вести, да сфатат дека овој вирус постои и се` додека не се заштитуваме едни од други, ќе бидеме во ваква ситуација. Никаде не одам без маска“, рече музичарот и актер Игор Џамбазов.

Џамбазов вели дека најмногу го погодила загубата на Балашевиќ, бидејќи израснал со неговите песни.

„Во една прилика му кажав дека сум заработил од неговите песни приближно колку една голема куќа. Јас сум еден од ретките Македонци кои настапувал со него. Му бев гостин на еден негов концерт во Универзална сала. И се сеќавам дека напишав песна `Јас и Балаш на еден салаш`“, рече Џамбазов.

Многумина се емотивно поврзани со некои од овие луѓе. Охриѓанецот Горан Папаз, вели дека првата средба со Зоран Џорлев ја имал на четиригодишна возраст.

Многу светски уметници заминаа на другиот свет, но, и македонските уметници кои заминаа, можам да ги сместам во тие светски уметници. Тие луѓе секогаш ќе фалат. Џорлев, лично многу ме погоди. Тој е човекот кој го откри мојот талент за музика. И тој момент за Џорлев мене ми е толку силен и свеж, и мислам дека ќе живее со мене“, вели музичарот Горан Папаз.

Новинарката Милица Џаровска, вели дека се покажало оти овој вирус не бира кого ќе нападне.

„Еден е Лари Кинг во светски рамки. Кај нас уште не можам да сфатам дека почина маестро Зоран Џорлев, мој добар пријател и соработник долги години. Драган Вучиќ претходно, фантастичен музичар и пионер во многу нешта. Загубата на Балашевиќ не е само регионална, туку може да се рече и светска, затоа што обединуваше милиони луѓе, не само во поранешна Југославија, туку и целата поранешна југословенска дијаспора ширум светот“, рече Џаровска.

Папаз размислува делата на некои од овие уметници да ги овековечи во таканаречен двд концерт.

„Луѓето кои не` напуштија оваа година поради пандемијата мислам дека заслужуваат да добијат едно такво внимание. Можеби тоа внимание ќе биде една капка во океанот, но, сепак ќе им значи многу на фамилиите. Да се направи еден концерт за сите луѓе кои го напуштија овој свет. Да се направи една преработка на песните во оригинал аранжман, во нивна чест“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG